Вчера во 17.00 часот во Гостивар во населба Фазанерија 2, патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки,
управувано од А.С.(39) од Кичево, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
По несреќата пешакот бил пренесен во Општата болница во Гостивар каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.