Вонредна вест: Вечерва пријавени пет пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва се пријавени неколку пожари.

Речиси сите пријави се преку европскиот број 112 а станува збор за пожари во:

Влез во с. Романовце од десна страна, гори стрниште

Шумски пожар од село Лојане се движи према село Вакцинце, известени се ТППЕ Куманово.

Пожар кај езерото Мантово од раскрсницата 20 км, известени се екипи од ТППЕ Штип
Горат ниви спроти селото Теново (опш.Брвеница) од десна страна, пратени се екипите од ТППЕ Тетово кои интервенираат со 1 ПП возило и 4 пожарникари

Активен пожар има и кај село Ратевица. Запалена е нива, а на терен се излезени 4 пожарникари со 2 ПП возила

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде