Поплака за екипа на Брза помош стигна до министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Додека пациент чекал во возилото со маска за кислород, вработени во Брза помош пиеле кафе на бензинска.
Ваквата снимка денеска новинарка му ја покажа на министерот за здравство Фатмир Меџити.
„Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно.
Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса“, изјави Меџити откако ја виде снимката.
Надлежните се на потег да го истражат случајот.
Пред неколку години имаше видео на кое се гледа како возач во возило на Брзата помош пуши цигари, иако на пациентот тоа му пречи и му беше укажано.