Мерка која е за поздравување: 10.000 динари ќе добие СЕКОЕ ДЕТЕ до 16 години: За неполни 24 часа пријавени над 300.000 малолетници во Србија

За еднократна помош за деца која започна ноќеска на полноќ до 18 часот биле пријавени 300.000 деца.

Пријавувањето се одвива електронски, преку адресата idp.trezor.gov.rs и трае до 20 септември.

Пријавувањето е многу едноставно, а барателот, односно мајката, го внесува бројот на личната карта и нејзиниот матичен број, како и името на банката во која сака да и бидат исплатени парите.

За да може регистрацијата да биде што поедноставна, мајките не мора да ги внесуваат матичните броеви на своите деца, за случајно да не направат грешка при внесувањето на податоците.

Врз основа на бројот на матичната книга на родените на мајката, системот автоматски ги повлекува броевите на изводот на родените на децата од соодветните матични книги.

Исплатата ќе започне на 25 септември, а исплатите ќе бидат завршени до крајот на тој месец.

Сите деца до 16 години ќе добијат поддршка од 10.000 српски динари односно отприлика 5.000 мкд денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде