Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северна Африка), денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.
Ветерот од северен и од североисточен правец полека ќе го намалува својот интензитет, информира Метеаларм.
Сепак во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Нестабилноста проследена со врнежи и грмежи ќе биде се поголема и ќе ја има на повеќе места од четврток па натаму, кога ќе има и појава на локално невреме.
НАЈНОВА ВЕСТ: Невреме во велешкиот регион, објавена мапа во кој правец се движи
15:07ч. Пороен дожд, грмежи и можна појава на град во подрачјето меѓу Велес и Лозово.
15:36 ч.:Поинтензивна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и локална појава на град во Велешко, Лозово и Овчеполието.