НАЈНОВА ВЕСТ: Мицкоски свика состанок во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски звечерва во 18 часот го свика Извршниот комитет на партијата откако во минатата недела претседателот на Собранието Талат Џафери

не го стави на гласање отворањето на Уставот бидејќи власта немаше 80 пратеници за да почне процедурата за уставните измени.

Според информации од ВМРО-ДПМНЕ, очекувањата се дека на Извршниот комитет ќе се реафирмира ставот за оддржување на предвремени парламентарни избори како врврн приоритет откако власта не обзбеди двотретинско мнозинство за измени на Уставот.

Мицкоски во телевизиско гостување по собраниската седница за уставни измени рече дека Македонија е во политичка криза и дека единствен излез се предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди конкретно решение за излез од проблемот.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека Владата е делигитимирана, а премиерот Димитар Ковачевски дефакторизиран и единствено решение се предвремени избори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде