Попладнево големо невреме го погоди Велес.
Како што пишуваат локалните медиуми невремето било проследено со силни врнежи, со ветер, грмотевици и град.
Според фотографиите во градот се откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците беа поплавени со вода.
Поголема штета има кај автобуската станица во Велес каде има паднато големо дрво и откорната бандера