Погледнете што правеа луѓето на Табановце додека чекаа да ја поминат границата (ВИДЕО)

На социјалните мрежи објавено е видео снимено доцна синоќа на кое се гледа како млади, кои патуваат со автобус, се забавуваат со трубачи, хармоникаши и тапанџии.

Туристи од Србија, кои се принудени долго да чекаат на граничниот премин Табановце за да ја поминат македонско-српската граница, го користат времето да завртат едно оро.

На социјалните мрежи објавено е видео снимено доцна синоќа на кое се гледа како млади, кои патуваат со автобус, се забавуваат со трубачи, хармоникаши и тапанџии.

Не е познато колку долго им требало на Србите да ја поминат границата, а според денешните информации на АМСМ за да се помине на Табановци, потребни се околу половина час.

Прашање е дали половина час им е доволно на разиграните туристи да си го довршат орото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде