Славчо Попоски најави ново невреме – прочитајте ги деталите

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северна Африка), денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.

Ветерот од северен и од североисточен правец полека ќе го намалува својот интензитет.

Сепак во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Нестабилноста проследена со врнежи и грмежи ќе биде се поголема и ќе ја има на повеќе места од четврток па натаму, кога ќе има и појава на локално невреме.

Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 40 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Во Скопје исто така температурата ќе надминува 35 степени, но во следните денови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде