Вчера, во 11.45 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на улицата Илинденска бил пронајден починат 64-годишниот гостиварец А. Љ..
„Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство“, соопшти СВР Тетово.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Се расчистува и документира случајот.