Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска

Снимката од бензинската пумпа на автопат, на која се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот.

Тој починал неколку дена по овој неетички транспорт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.

Голготата на овој пациент во последните денови од неговиот живот ја потврдува и фактот што семејството со сопствено возило најнапред се обидело да го однесе од Скопје до Струга,

ама на излез од градот, во населбата Ѓорче Петров, пациентот им кажува дека не може да продолжи во тоа возило и дека му е лошо.

Така фамилијата неколку часови се обидувала да најде амбулантно возило за да го пренесе од Скопје до Струга во санитетско возило. Прво ѕвонеле во струшката општа болница.

Оттаму им кажале дека возило може да добијат утредента. Потоа се јавиле во Здравствен дом Струга од каде им излегле во пресрет и испратиле екипа со комбето кое подоцна застана на бензинската пумпа.

Во екипата имало лекар, медицинска сестра и возач. Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август.

Дека пациентот починал неколку денови откако беше транспортиран со возило на Здравствен дом Струга од Скопје за Струга, потврди за „Слободен печат“ директорот на Здравствен дом Струга, доктор Андон Ложанковски.

Пациентот бил во терминална фаза на канцер и претходно бил сместен на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје на Клинички центар „Мајка Тереза“ а се лекувал и на Клиниката за Онкологија.

Целиот текст на Слободен печат прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде