ПУКНА САЈЛА НА ЖИЧАРНИЦА, ДЕЦА ВИСАТ НА 275 МЕТРИ НАД ЗЕМЈА Драматична спасувачка акција во Пакистан

Вистинска драма се одвива во Пакистан – во тек е спасувањето на осум лица кои останаа да висат заробени во жичарница над долина во северозападниот дел на земјата.

Според Би-Би-Си, меѓу осумте лица има шест деца и двајца учители.

Децата оделе на училиште кога еден од каблите се скинал, оставајќи ги да висат на 274 метри над земјата.

Спасувачите се на терен, а воените хеликоптери исто така се обидуваат да ги спасат децата.

Би-би-си јавува дека осум патници биле заробени повеќе од четири часа пред да пристигне воен спасувачки хеликоптер. Инцидентот се случил околу 7 часот по локално време.

– За име на Бога, помогнете ни – извика Гулфраз, човек заглавен во жичарницата, за пакистанскиот ТВ канал Гео њуз по телефон.

Тој потврди дека во се вкупно осум патници заглавени во кабината.

Војската почна со спасувачка операција во Батаграм и снимката открива дека два хеликоптери се на лице место. На видеата објавени на интернет се гледа како „командос“ се спушта од хеликоптерот кон жичарницата, но брзо се повлекува, наводно поради силните ветрови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде