Фејсбук статус на Krume Bogevski:
Јас сфаќам дека платите се ужасни!
Сфаќам дека не ви се работи на државно (иако трчате по партии за да се влезете на државна работа), ПАРАДОКСАЛНО!
Сфаќам дека и кога ќе отидете на работа саат покасно, пиете кафе и чекате да си одите дома саат порано
Сфаќам дека неколкумина работат за цела институција да ја држат на нозе затоа што немаат партиски грб, а им треба работата, па мораат!
Ама кога веќе држите позиции каде ЖИВОТИ зависат од вас, па стајте прст на чело, размислете!
Не е дојдено до “епа ја ќе пиам кафе коа може и Светлана од кадрово да пие кафе”, за животи се работи! Стотици животи во македонските болници, секојдневно!
Совест?
Ама во државава од почеток мора секој да научи прво што е себепочит, почит кон постарите и поискусните, почит на правила и закони, а потоа се што следи!
#Одговорност мора да има, освен ако можеби #кабелот е крив што пиеле кафе додека “брзала” Брзата помош.