По кратко боледување денеска почина шаховскиот мајстор, Панче Шарламанов од Струмица, објави Струмица нет.
Панче Шарламанов е еден од најдобрите шахисти во Струмица, роден 1960 година, легенда на струмичкиот шах, почесен член, еден период и учител на ШК „Цареви Кули“ во Струмица.
Играл со многу познати шахисти во СФРЈ, до крај докажа дека е најдобар во Струмица,
држејќи го првото место на Гран-При турнир кој го организира ШК „Цареви Кули“ од Струмица.
Нека почива во мир.