Струмица и Македонија тагуваат: Почина познатиот шаховски мајстор

По кратко боледување денеска почина шаховскиот мајстор, Панче Шарламанов од Струмица, објави Струмица нет.

Панче Шарламанов е еден од најдобрите шахисти во Струмица, роден 1960 година, легенда на струмичкиот шах, почесен член, еден период и учител на ШК „Цареви Кули“ во Струмица.

Играл со многу познати шахисти во СФРЈ, до крај докажа дека е најдобар во Струмица,

држејќи го првото место на Гран-При турнир кој го организира ШК „Цареви Кули“ од Струмица.

Нека почива во мир.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде