Тешка сообраќајна несреќа, едно лице со тешки повреди итно пренесено во болница

Во текот на вчерашниот ден, околу 16 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Романовце, во с. Романовце,

патничко моторно возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К. Ш. (23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По несреќата, возачот К. Ш. бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Фото: Илустрација/сообраќајка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде