Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.
Околностите и причините за нападот се уште се нејасни.
„По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви.
Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција.
На местото на настанот се запленети два ножа.
Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.
Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.