Две момчиња се скарале за девојка, едното заврши со убоди од нож

Полициски службеници го уапсиле Н.Г.(18) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани,

а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка.

Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош.

Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде