Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.
Според информациите на Фокус пукањето се случило пет минути пред 16 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4′ караван со странски регистерски ознаки.
Пукале кон Штекли кој останал неповреден и избегале во непознат правец.
На местото на пукањето е најдена една чаура, а возилото е запалено и пронајдено кај езерото Треска кон Грчец, додаваат од Фокус.
Засега до МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека немаат информации за повредени.
Пред две години Трајковски беше екстрадиран од Србија и предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор во Шутка.
Се бараше со потерница за издржување на казна затвор од шест месеци.
Извор: Фокус