Славчо Попоски со вонредна прогноза: Доаѓа голема промена на времето, се очекува големо невреме на Балканот и половина метар снег на Алпите

Од овој викенд во Алпскиот регион се очекува влошување на временските услови и невреме, потоа во недела навечер,

како и во почетокот од следната седмица токму на многу места во Алспкиот регион ќе пристигне вистинска зима која ќе ја донесе првата голема снежна покривка за оваа сезона, иако сме сеуште лето (понекаде се очекува и над 50 цм снег).

Температуририте драстично ќе се намалат, на високите алпи ќе се спуштат и подлабоко под нулата.

Во земјите од регион во текот на следната седмица исто така ќе има драстично намалување на температурите, но и локални временски непогоди. 

Токму ова ние го нарекуваме “Убиец на летото”. После ова дефинитивно на Балканот не очекуваме голем топлотен бран.

Сето ова ќе биде проследено со силен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен правец, а потоа и од северен правец (на Јадранот ќе дува силна бура).

Намалување на силината на овој топлотен бран следната седмица се очекува и во Македонија, кога повторно ќе има локална појава на нестабилност и на врнежи.

Напомена: Не значи дека после овој голем студен бран кој ќе се спушти од Алпскиот регион кон балканот, нема да имаме веќе потопло време,

секако дека ќе имаме уште едно мини лето, но вистинското лето ќе биде позади балканот.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде