Следува раст на минималната плата – еве за колку

Од следната година се очекува нов раст на минималната плата, која се очекува да биде над 23.000 денари,

со ова се очекува да продолжи растот на сите плати, а значително ќе скокне и просекот.

Минималната плата која во 2012 беше 8050 денари, а во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари,

денес изнесува над 20.175 денари, а од следната таа ќе биде над 23.000 денари.

Неодамна министерот Бектеши соопшти дека минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата во 2016 година, посочувајќи дека платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.

– Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор.

Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари,

а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година – изјави Бектеши неодамна во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

На зголемувањата на минималната плата се противеше дел од бизнис секторот, но и опозицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде