Од Белгија денес пристигна тажна вест за смртта на 22-годишниот велосипедист Тијл Де Декер кој победи на трката Парис-Рубои оваа година.
Декер починал само два дена откако доживеал несреќа на еден тренинг.
На тренингот тој се забил во заден дел на автомобил, а веднаш потоа бил пренесен во болница во Антверпен.
Во болницата според информациите на медиумите му била направена операција, а бил ставен и во вештачка кома.
„Со голема трага објавува дека Тијл Де Декер почина по несреќата на тренингот во средата.
Тимот е скршен поради оваа трагедија и испраќа сочувство до семејството и неговите сакани во овие тешки моемнти“, објави белгискиот клуб.