Тажна вест: Почина познатата актерка Мелита Бихали

На 89-годишна возраст во Белград почина познатата актерка Мелита Бихали, филмска и театарска актерка.

Иако за прв пат на екранот се појавила во 1970 година, глумејќи во филмот „Гастронаути“,

Мелита Бихали сите ја паметат по улогата на слугинката во култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ во кој ја играше собарката Оља.

На актерската академија во Белград влегла во 1962 година заедно со Љерка Драженовиќ, Мира Пејиќ Арменулиќ, Душица Жегарац, Драго Чумиќ и Нед Спасојевиќ.

Таа играше во бројни домашни серии и филмови, од кои последен е „Петок 13-ти“ од 2018 година, во која игра сопственичка на кафеана, како и „Не е се како што изгледа“ од 2019 година, во која ја толкува улогата на Јадранка. Исто така, многумина ја паметат по улогата на собарка во серијата „Среќни луѓе“.

Бихали се занимавала и со режија, адаптација и пишување драми за деца, а како актерка се појавува покрај „Маратонац“ (1982), во филмови како „Бубашинтер“ (1971),

„Кралскиот воз“ (1981) или „Ајде да сакаме“ (1987), и сериите „Отпишани“, „Приказни од мајсторската работилница“ и други.

Таа го задржала презимето Бихали од нејзиниот поранешен сопруг Иван, кој бил син на писателот, основачот на Нолит, Павле Бихали.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде