Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија, потврди синоќа неговиот адвокат. Имаше 76 години.
Правникот не ја соопшти причината за смртта.
Руиз-Пикасо беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот.
Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.
Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден за време на врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година.
Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза Валтер, која почина во 2002 година.
Клод и Палома се родени за време на врската со Франсоаз Жило.