ВИДЕО: Силната бура корнеше дрвја и кровови, парализиран сообраќајот – Големо невреме зафати некои делови од Германија

Големо невреме зафати некои делови од Германија.

Во Минхен е целосно парализиран градскиот железнички сообраќај, додека бурата во Штутгарт корнела дрвја.

Невремето почнало ноќта во четврток кон петок, од 24-ти на 25-ти август.

Како што пренесуваат медиумите, минхенските возови „S-Ban“ се блокирани на релевантни станици на неодредено време, објавиле надлежните власти.

„Причината е поврзана со временските прилики поради кои дошло до дефекти на целото подрачје на градската железница во Минхен“, наведено е во соопштението објавено на интернет.

Бурата зафатила и камп во градот Линдау на брегот на Боденското езеро каде силниот ветер откорнал неколку стебла.

Три лица се повредени, а состојбата на еден од нив е тешка, соопштила локалната полиција.

Прогласената опасност останала на сила во тоа подрачје поради временските прилики, па локалните власти одлучиле да го евакуираат целото подрачје.

Околу 900 луѓе така привремено прибежиште пронашле во конгресниот центар во градот Линдау, каде ги згрижиле спасувачи, додала полицијата.

Потсетуваме, неодамна поради обилните врнежи хаос настанал и на аеродромот во Франкфурт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде