Вонредна вест: Пукотници во Ист Гејт, целта на пукањето бил Раде Трајковски

Попладнево во гаражата на трговскиот центар “Ист Гејт “ е пукано во Раде Трајковски Штекли .

Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а според првичните информации Трајковски Штекли не е повреден, јавува Телма.

Како што пишува Телевизијата, тој бил во блиндирано возило, а во моментот во Ист гејт мол полицијата врши увид.

Од МВР потврдија дека вооружен инцидент се случил во трговскиот центар и се истражува без да посочи други детали.

Раде Трајковски-Штекли,  неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.

Тој беше  екстрадиран по апсење во Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде