Пожарот во скопски Илинден доби сериозни размери, потврди директорот на ЦУК, Стојанче Англелов.
Жителите стравуваат за своите имоти. Велат, веќе дворовите им се полни со пепел, а ако не се запре огнот, за брзо ќе се симне и до првите куќи.
Ноќе не летаат хеликоптерите и авионите, па сега ќе се гаси само од земја. Приоритет ќе бидат првите имоти во село Ајватовци.
„Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина, најмалку 30 хектари. Поголемиот дел зимзелена шума.
Постои опасност поради ветерот, огнот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на противпожарната бригата на Град Скопје ќе се фокусираат на сопирање на огнот во насока на селото.
Изгорен е т.н. Ајватовски рид. Рано наутро, веднаш по зазорувањето, двата полициски хеликоптери ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на ДЗС.
На лице место сме и ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.