АЛАРМАНТНО: Ангелов објави дека пожарот е надвор од контрола, жителите молат за помош

Пожарот во скопски Илинден доби сериозни размери, потврди директорот на ЦУК, Стојанче Англелов.

Жителите стравуваат за своите имоти. Велат, веќе дворовите им се полни со пепел, а ако не се запре огнот, за брзо ќе се симне и до првите куќи.

Ноќе не летаат хеликоптерите и авионите, па сега ќе се гаси само од земја. Приоритет ќе бидат првите имоти во село Ајватовци.

„Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина, најмалку 30 хектари. Поголемиот дел зимзелена шума.

Постои опасност поради ветерот, огнот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на противпожарната бригата на Град Скопје ќе се фокусираат на сопирање на огнот во насока на селото.

Изгорен е т.н. Ајватовски рид. Рано наутро, веднаш по зазорувањето, двата полициски хеликоптери ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на ДЗС.

На лице место сме и ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде