Фуркан Салиy: Може да ме тагнете и да пишyвате на секој можен пост, тоа нема да го смени фактот дека oсyдените од Монструм се невини!

Фејсбук пост на новинарот Фуркан Салиу:

Може да ме тагнете на секој можен пост за Алил Демири и ‘Монструм’, може да пишувате колку сакате по социјалните мрежи но тоа нема да го смени фактот дека овие луѓе се невини и се осудени од судот на кој што му веруваат 8% од граѓаните.

Судии кои беа бирани од тефтерот на Јанкуловска и судии кои што слушнавте од бомбите како го решавале случајот.

Од тие исти судии избега и Груевски, човек кој што е одговорен за уништување на животите на илјадници граѓани ама не гледам вака хистерично да реагирате кога се одбиваат барањата за негово екстрадирање.

Невини луѓе лежат за случајот Монструм! Организаторите и извршителите се на слобода и сеуште на секој можен начин се обидуваат да и наштетат уште на оваа држава.

Жалосно што невини деца станаа жртви на еден монструозен систем кој што беше спремен на се за да остане на власт.

Истиот тој систем ги организираше настаните во Диво насеље, го уби Мартин Нешковски, го уби Никола Младенов,

се закануваше дека семејства ќе завршат во ендек ако не сме послушни, систем кој што беше спремен да НАПРАВИ УШТЕ ЕДНА ВОЈНА И СЕТО ОВА ГО СЛУШНАВМЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде