Според прогнозите на УХМР, топлото време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи.
Од вторник се очекува и намалување на дневните температури за неколку степени
Сончево и топло – вакво време нè очекува денеска во земјава. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),
попладне во јужните делови од земјава ќе има развој на нестабилна облачност и услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури денеска ќе бидат во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, а ќе има и појава на мала облачност. Минималната температура во главниот град денеска ќе се спушти до 20, а максималната ќе се искачи до 38 степени.
Според прогнозите на УХМР, топлото време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Од вторник се очекува и намалување на дневните температури за неколку степени.
ПОСЛЕДНА ВЕСТ ОД УХМР
Од правец север кон Охрид и Струга навлегува нестабилна облачна маса со услови за пороен дожд и ел.празнења.