Напредокот кон ЕУ е прифаќање и примена на ЕУ стандардите, се друго е форма.
Ова дел од денешниот пост на професорката Мирјана Најчевска, која нескриено ја критикува секоја влада во постапките и грашките кои ги прават.
Таа укажува дека иако сегашната власт веќе седум години ја има „палката“, сепак, вината за застојот ја бараат во опозиционерите, и потеницра дека е крајно време на раководни функции да се постават писмени луѓе.
– Многу ми е интересно кога тие кои се на власт 7 години и кои не ја помрднаа државата ни за ангстрем понапред во владеењето на правото, намалувањето на корупцијата и функционирањето на демократските институции, одеднаш вината за застојот во евроинтеграциските процеси ја гледаат во ВМРО.
Напредок кон ЕУ е прифаќање и примена на ЕУ стандардите, се друго е форма.
Се што до сега направи СДСМ во соработка со мафијата регистрирана како партија е мафтање со европското знаменце и негова злоупотреба.
ВМРО никако не е решение на проблемот.
Ако странците навистина сакаат да помогнат наместо притисок за уставни промени ќе сугерираат формирање експертска Влада која ќе ги постави темелите на евроинтеграцискиот процес.
И дајте луѓе на раководни позиции да дојдат елементарно интелигентни луѓе а не луѓе кои се на граница на одземање деловна способност – напиша Најчевска.