УХМР утрово објави: Во овие делови од Македонија попладнево ќе има невреме

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 38 степени.

До понеделник ќе се задржи многу топло време.

Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде