Ужас вест ја потресе Македонија: Детето на жртвата и убиецот било сведок, заклучено во соба врескало за помош

Според сознанијата детето било заклучено во една соба, додека во друга се одвивала кавга помеѓу таткото и неговата мајка

, објави Канал 5 телевизија.

Блиски роднини го презеле и се грижат за 8-годишниот син од Куманово кое вчера беше сведок на трагедијата во која неговиот 46 годишен татко со нож ја избоде до смрт 40-годишната сопруга и нејзината мајка, а потоа и се самоуби, потврдуваат од обвинителството за Канал 5.

Оттаму велат дека заедно со полицијата ги расчистуваат сите детали, а во меѓувреме во јавноста кружат неколку верзии околу тоа како конкретно се одвивал настанот, но официјално не е потврдено.

Според сознанијата детето било заклучено во една соба, додека во друга се одвивала кавга помеѓу таткото и неговата мајка.

Откако ги избодел, 46 годишникот самиот се фрлил од прозорецот, а соседите повикале полиција поради повиците за помош од детето.

Според друга верзија пак, мажот се фрлил од прозорецот на 6тиот кат во зградата на улица Лесковачка, откако ги видел екипите на полицијата. Осомничениот веднаш бил префрлен во кумановската болница, но не преживеал.

Дел од сограѓаните по социјалните мрежи тврдат дека мажот неколкупати бил пријавуван за семејно насилство и според дел од нив институциите потфрлиле, неспречувајќи го ова двојно убиство на жени.

Психолозите велат дека ваквите случаи не секогаш може да се превенираат, но потребно е да се крене јавната свест за грижата за менталното здравје.

Случаите како овој во Куманово стануваат се почеста појава низ земјава.

Психолозите алармираат дека е потребна поголема грижа и од самата држава, која е неопходно да направи системски промени со кои брзо и ефикасно ќе се справува со насилниците и ќе ги заштитува жртвите..

Извор: Канал 5 телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде