Пожарот во скопско Ајватовци добива сериозни размери!
Според информациите од локалните жители, пожарот кој избувнал околу 16 часот, се разгорува и го менува правецот.
Отежнува тоа што во регионот има и ветер.
Засега, жителите забележале само полициски хеликоптер и пожарникари кои гасат од земја.
Се уште не е стигнат ЕР трактрот на Дирекцијата за заштита и спасување кој го најави директорот на ЦУК, Ангелов, уште пред 2 часа.
Спасена е црквата „Свети Петар и Павле“, но има голем ризик да бидат зафатени првите куќи кон кои дува ветерот.