Вонредна вест: Спасена е црквата „Свети Петар и Павле“, но има голем ризик да бидат зафатени првите куќи 

Пожарот во скопско Ајватовци добива сериозни размери!

Според информациите од локалните жители, пожарот кој избувнал околу 16 часот, се разгорува и го менува правецот.

Отежнува тоа што во регионот има и ветер.

Засега, жителите забележале само полициски хеликоптер и пожарникари кои гасат од земја.

Се уште не е стигнат ЕР трактрот на Дирекцијата за заштита и спасување кој го најави директорот на ЦУК, Ангелов, уште пред 2 часа.

Спасена е црквата „Свети Петар и Павле“, но има голем ризик да бидат зафатени првите куќи кон кои дува ветерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде