ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Две лица загинаа, а едно е тешко повредено откако експлодираше бомба во околината на Загреб

Денес на улицата Загребска во Дуго Село (Хрватска) дошло до експлозија на експлозивна направа при што загинаа две лица.

Едно лице е тешко повредено.

„Денеска околу 13 часот и 30 минути во Дуго Село на улица „Загребска“ дошло до експлозија во објект кој обезбедува згрижувачки услуги за стари лица,

во која две лица загинаа, а едно е тешко повредено. Ќе следи истрага“, извести полицијата.

Немало пожар, значи не е експлозија на гас, туку експлозивна направа, потврди за „24 часа“ командирот на противпожарната единица Дуго Село Жељко Ременар.

Повозрасно лице кое е тешко повредено во немилиот настан е префрлено во болницата во Дубрава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде