Славчо Попоски објави: Започна снежната бајка во делови од Европа

Познатиот метео-прогнозер Славчо Попоски утрово објави фејсбук пост:

Еве за тие што не веруваа, јас нив ги нарекувам “Тастатурски јунаци “.

Започна снежната бајка на европските алпи а температурата во рок од 48 часа се намали дури за цели 20 степени.

Ова е само почеток, во следните три до пет денови во Алпскиот регион понекаде се очекува формирање на снежна покривка од над 50 сантиметри (понекаде дури и до 100 сантиметри снег).

На Балканот со оваа промена му престои силно невреме кое може да биде опасно за луѓето и да направи многу штети, температурите драстично ќе се намалат!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде