Срушен рекордот: Македонец возел со 5,1 промили алкохол во крвта

Прилепчанец возел низ Битола со 5,01 промили алкохол во крвта.

Изминатата вечер, во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5,01 промили алкохол.

„При контролата санкционирани се 18 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци“, апелираат од СВР Битола.

Вкупно 239 возачи, меѓу кои 113 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, и 15 за управување под дејство на алкохол се

казнети во контролата во областа на сообраќајот што вчера ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на град Скопје.

Акциите продолжуваат.

Пред неколку дена кумановец беше санкциониран возејќи со 4,86 промили алкохол во крвта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде