ВИДЕО: Над 30 повредени, оштетени автомобили, паднати дрвја и кровови во силното невреме кое зафати делови на Германија

При силно невреме во Германија, ветер урна шатор, а триесетина луѓе се повредени. 

Несреќата се случила во градот Кисинг во Баварија, пишува локалниот весник „Аугсбургер алгемајне“.

Ветерот урна  шатор, при што шест луѓе се здобија со сериозни повреди додека се обидуваа да се задржат на шаторот и покрај силните налети на ветерот.

Итната помош им укажала помош на повредените и повикала хеликоптер за транспорт. Невремето собори дрвја и расфрла отпад низ административниот регион Швабен.

Оштетени се згради и автомобили од паднатите дрвја. Властите инфомираа дека една постара жена е повредена. 

Во акциите на терен учествуваа сто вработени во итната помош: 70 спасувачи и 30 пожарникари.

Посебно е погоден пензионерскиот дом Хаус Габриел во Кисинг, па околу стотина жители мораа да ја напуштат зградата.

Невремето го зафати и Фридберг, град со околу 30.000 жители. Некои патишта мораа да бидат затворени.

Летово имаше невреме во повеќе држави во Европа. Во Словенија имаше шест жртви, а многу објекти веќе не се функционални. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде