Две лица загинаа доцна синоќа во тешка сообраќајка во Брчко, јавија локалните медиуми.
Во несреќата што се случи на улицата Мостарска животот го загубија мајка и ќерка, потврдија за медиумите од местото на настанот.
Полицијата на округот Брчко на Босна и Херцеговина, под надзор на дежурниот обвинител, ја води истрагата.
-Во несреќата учествувале едно возило и двајца пешаци. Обвинителот и судскиот вештак се на лице место, се вршат увиди – објавија медиумите.
Возачот е приведен на местото на настанот.