Ковачевски: Македонски келнери ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома,

а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.

Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати.

Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ.

Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома, кажа меѓудругото Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде