Вчера попладне во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при
Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода 28-годишниот М.А. од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, извести МВР.
– Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство,
но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода, соопшти МВР.
Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.