Најнова вест: УХМР најави невреме – еве кога

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, известува УХМР.

Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени, додаваат од УХМР.

Оттаму препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења,

да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Слично време најави и Славчо Попоски.

Покрај регионот, каде се очекува страшно невреме кое може да направи многу штети и да услови поплави, во вторник и во Македонија се очекува на многу места да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради судирот на две воздушни маси (значително постудената од север, и многу топлата од југ) локално ќе има опасност од појава на големо невреме,

проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде