Невремето со обилни врнежи што денеска ја зафати Словенија предизвика поплави, прекини на струјата, а од силниот ветер има откорнати покриви.
Според податоците на цивилната заштита, во моментов најлоша е состојбата во долината на реката Драгоња во Истра и Сеча, каде многу патишта и улици се поплавени.
Во градот Падна се урнале најмалку осум покриви на станбени куќи, а штети има и во селото Св. Петар.
Од налетот на силниот ветер откорнати се покривите на стадионот и училиштето во Копер, пренесе агенцијата СТА.
Од регионалниот центар за цивилна заштита велат дека врнежи се очекуваат и во вечерните часови.Во главниот град Љубљана, водата веќе поплави неколку куќи и патишта, а се следи и растот на Градашчица, која еднашсе излеа при невреме на почетокот на август.
Во градот Изола е поплавен големиот плоштад, како и пониските делови на градот. На теренот има многу пожарникари, а во вечерните часови се очекува плима, додава агенцијата СТА.
Агенцијата Арсо очекува дека невремето во наредните часови ќе се движи кон централна Словенија.
Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат во областите Толмин, Нова Горица, Загорје, Лашко, Велење и Целје.
The impressive effects of the powerfull storm arrived in the town of Trieste few minutes ago.
— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) August 28, 2023
Strong horizontal wind gusts due to the downdraft and heavy rain. Small hail also reported and extremely high rate of lightnings. pic.twitter.com/ZPiCaSOZ6W