Градот направи голема штета: Силно невреме во овој македонски град

Големо невреме со силен град предмалку го зафати Прилеп!

Појава на невреме очекуваме попладнево и вечерва на повеќе места особено во централните и во источните предели од државава, апелираме на крајна внимателност!, објави метеорологот Славчо Попоски.

Поголема нестабилна маса во Прилепскиот регион проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Нестабилна маса која се движи во правец на североисток кон Градско со пороен дожд и грмежи.

Нестабилно се уште е и во Скопската Котлина.

Под влијание на циклонски систем придружен со атмосферски фронт денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде