Невремето пристигна во Македонија – прв на удар скопскиот регион

Силно невреме попладнево зафати делови од Скопје. Врнеше силен дожд, град и дуваше силен ветер.

Скршени се дрва, однесени чадори од летни тераси.

15:53. Интензивна нестабилна воздушна маса над Скопје, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Слична состојба во моментов има и во централните делови на Р.С.Македонија, објави УХМР.

Претходно денеска, од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека судир на африканска и сибирска воздушна маса ќе продуцира

интензивни врнежи во доцните попладневни часови на повеќе места во Македонија, а наместа ќе бидат во форма на силно невреме.

Оттаму предупредуваат граѓаните да бидат крајно внимателни, да останат дома или на сигурен затворен простор, да ги затворат сите прозорци,

климите да ги исклучат, да не престојуваат на каков било отворен простор и под осамени кршливи дрвја, на улици, во паркови, покрај водата, реките, езерата и слично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде