Невремето се доближува на Македонија – еве кои делови ќе бидат први на удар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

UV=6Во Скопје, ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од среда ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Во продолжение и временската прогноза на Славчо Попоски.

Во следните часови полека облачноста од запад ќе се зголемува, што е најава за голема промена на времето кај нас.

Полека од запад ни се приближува силниот Џеновски циклон кој носи страшно невреме во регионот, но и многу снег во алпскиот регион.

Кај нас уште од утре претпладне ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во попладневните часови на повеќе места процесите ќе бидат интензивни, и локално застапени во форма на силно невреме, и тоа поради судирот на две воздушни маси (значително постудената од север и многу топлата од југ). Од појави се очекуваат интензивен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално би можел да биде крупен.

Во Скопје и околината исто така постои опасност од појава на локално силно невреме.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Од среда температурите ќе бидат пониски за пет до осум степени во однос на сегашните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, а времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Сето ова ќе биде проследено со ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде