Последна вест: СОНК објави дали ќе има штрајк во училиштата

Три дена откако ја крена јавноста на нозе со најавата дека „постојат огромни шанси учебната година да почен со штрајк“, првиот човек на независниот синдикат за образование и наука Томислав Гиевски не кажува дали и каква е конечната одлука, иако стартот на наставата е веќе во петок на 1 септември.

На прашањето на Канал 5 дали останува евентуалната најава за штрајк и дали смета дека има основ за него, Гиевски рече дека не може да одговори, поради потполнета агенда во текот на целиот ден.

За разлика од Независниот синдикат, поголемиот и репрезентатитвен СОНК нема дилеми – на само неколку дена пред стартот на учебната година сметаат дека е несериозно воопшто да се најавува штрајк..

Ги разгледале аргументите на колегите, но ги оценуваат за неосновани..

-За вакви барања коишто ни ги доставија во писмена форма, сигурно СОНК нема да даде поддршка бидејќи најголемиот дел од тие прашања се реализираат со колективните договори.

Впрочем сме и пред потпишување на нови колективни договори каде што многу повеќе ке имаат привилегии просветните работници.

Ние со стручниот тим овде во СОНК, со правната служба ги разгледавме барањата и констатиравме дека во најголем дел од овие барања е постапено согласност колективниот договор.

Имаме забелешки за несоодветно толкување од нивна страна на некои одредби од колективните договори.- Јаким Неделков претседател на СОНК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде