Стоилковски: Пет деца нападнати со нож на мостот кај Ист Гејт!

(ФБ СТАТУС НА НАУМ СТОИЛКОВСКИ)

Оливер Спасовски, 5 деца во 21.30 се нападнати со нож на мостот кај Ист Гејт.

Твоите пулени од Центар и Ѓоко Стојановски инспектор за деликти сакаат да го забошотат случајот затоа што ние како родители не дозволуваме дополнително малтретирања на децата.

Прво, не знаеле дали да дојде полиција од Центар или од Аеродром. Па по земени изјави, запишани имиња (да, и на родители) и пријавена комуникација со опис на сторители (претходно со друг напад на плоштад!), сега малтретирате САМИ да сме иделе ние до станица Центар и дополнителни малтретирања да трпат и деца и ние како родители!?

Имаш опис, имаш локација, имаш СНИМКА НА КАМЕРА, а имаш и ДЕЛО напад со нож на плоштад од веројатно истите лица!

Што е работата бе Оливер? Страв ти е што биле за Шкупи и што биле Шверцери и ќе боделе Комити?

Не смееш да мрднеш од Артан Груби? Деца ми закачате, опасно минувате линии!

ПС. Собери си ги вересиите од по станици!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде