Трагедија ја потресе Македонија: 18-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа 

Вчера во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско,

патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информира МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде